Кавадаречките ракометари загубија од Охрид со 29-24 на стартот на новата суперлигашка сезона

Ракометарите на Тиквеш со пораз ја стартуваа новата суперлигашка сезона на гостувањето во Охрид каде домакинот славеше со 29-24. Kaвадарчани парираа успешно во поголем дел од првото полувреме, иако домакинот диктираше темпо и на пауза се замина со 13-9. На стартот на вториот дел охриѓани зголемија на 15-9 па потоа и на 21-14 а кавадарчани останаа и без Стефан Трпчевски, кој поради три исклучувања доби црвен картон. Тиквеш намали на минус четири, 28-24, но само за пристоен пораз. Милошевиќ кај Охрид и Трпчевски кај Тиквеш со пет погодоци беа најефикасни на теренот. Во останатите средби од првото коло во братската пресметка Еурофарм Пелистер го совлада својот втор тим со 29-24 аВардар беше убедлив против Скопје и победи со 48-24. Радовиш загуби дома од Струга со 19-22. Металург играше со 10 играчи и загуби од Пролет со 22-24 а Бутел во последната секунда дојде до победа против Прилеп со 28-27.Следното коло се игра веке задутре, во среда а во Кавадарци ке гостува екипата на Еурофарм Пелистер.

М.В.