Кавадаречкиот кик боксер на светскиот куп во Будимпешта загуби во полуфиналето од претставник на Украина
Изминатиов викенд во Будимпешта, Унгарија се одржа престижниот светски куп во кик бокс од каде македонските кик боксери се вратија со еден сребрен и три бронзени медали.Миа Тодорова од КБК Шампион во дисциплината лоу кик за сениори во категорија до 65 кг освои сребро откако стигна до финалето каде беше поразена од србинката Валентина Кери. Иле Левков од КБК Лидер од Виница во лоу кик за постари јуниори до 71 кг во полуфиналето загуби од пољакот Владислав Сидорчук. Туркер Исмаил од КБК Шампион во кик лајт за постари кадети загуби во полуфиналето од бугаринот Златослав Иванов. Без медал остана Иван Кукуновски од КБК Шампион кој се бореше во кик лајт за постари кадети до 47 кг. и загуби во четвртфиналето од претставникот на Грција, Илијас Трикас. Дел од македонската репрезентација беше и кавадарчанецот Филип Ризов член на КБК Кавадарци кој во дисциплината лоу кик до 57 кг беше поразен од украинецот Данил Сурхалов во полуфиналето и мораше да се задоволи со бронзениот медал.Овој медал е само поттик за Ризов за уште попосветена работа бидејки го чека светското првенство во Италија.Само да напоменеме дека на сцетскиот куп во Будимпешта учествуваа 1690 натпреварувачи од 45 земји од 288 клубови.
М.В.