МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Двете екипи по три кола немаат бодови но кавадарчани можат да го искористат хаосот кој владее кај скопјани

Четвртото коло од ракометната суперлига ке донесе две мошне интересни дијаметрално спротивни дерби средби. Натпреварите од 4 коло на програмата се утре и задутре. Утре вториот тим на Еурофарм Пелистер го пречекува непоразениот тим на Пролет. Радовиш ке игра со Охрид а Струга со Бутел. Недела е ден за дерби натпревари.Скопје ке бара први бодови во дуелот со Прилеп. Големото дерби се игра во Скопје каде Вардар на крилата на победата над Мешков во ЛШ ке се обиде да ја продолжи победниччката серија против вечниот ривал Еурофарм Пелистер. Но битолчани секогаш имаат дополнителна инспирација кога Вардар е во прашање. Второто дерби е дерби на дното помеѓу екипи кои немаат бодови на табелата а се игра во Кавадарци. Во недела од 19 часот во салата Јасмин ГРК Тиквеш го пречекува тимот на Металург. Кавадарчани знаат дека сега е вистински момент да ги искористат сите проблеми со кои се соочува Металург но и Скопјани посакуваат да се поместат од нултата точка. Бидејки ке биде потребна сета помош во овој дуел за оваа средба ГРК Тиквеш ги отвора вратите за публиката и нема да наплаќа влезници но според протоколите ке се бараат вакцинални сертификати.

М.В.