МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Колото ке го одбележи дуелот на шампионот Вардар со новајлијата Алкалоид

Ракометните суперлигаши овој викенд ке ги одиграат средбите од четвртото коло. Во групата А веке утре шампионот Вардар во дерби натпреварот ке го пречека новајлијата Алкалоид, Струга ке го пречека Прилеп, а Куманово на домашен терен ке игра со Охрид. Во Неготино домашниот Вардар ке бара први бодови во дуелот со фаворитот Бутел. Сите средби од оваа група се играат во сабота. Во групата Б во сабота Голден Арт ке го пречека Еурофарм Пелистер 2. Во сабота се игра и средбата Скопје - ГРК Тиквеш. Кавадарчани се фаворити на хартија но и тимот на Скопје не е противник кој смее да се потцени. Во недела во Битола Еурофарм Пелистер е апсолутен фаворит во дуелот со Радовиш а истото важи и за тимот на Пролет кој ке го пречека тимот на Јуниор КВ.

M . В.