МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГРК Тиквеш славеше на гостувањето кај Скопје со 26-30 - за Андоновски 3 од 3

Ракометарите на Тиквеш ја запишаа и третата победа во серија откако екипата ја превзеде Горан Андоновски. Кавадаречките ракометари му гостуваа на Скопје но лошо го почнаа натпреварот бидејки домакинот рано поведе со 6-3. Тиквеш брзо се созеде па во првиот дел се играше рамноправно а на пауза беше 14-14. Некако нервозно започна и вториот дел но во последните 6-7 мин кавадарчани почнаа да го кршат противникот. Нервозата си го правеше своето па домакинот грешеше а Тиквеш казнуваше за конечни 26-30. Во редовите на кавадаречкиот состав најефикасен беше Трпчевски со 6 погодоци а Кондев, Дрогришки и Симиќ додадоа по 5

М.В.

фото: 24 Ракомет -Кочо Сотировски

247584412_740155807383065_2168099680633536567_n