Екипата на ГРК Тиквеш ке гостува во Велес на екипата на Борец
Според Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во машкото Куп-натпреварување учествуваат вкупно 31 екипи: 12 екипи од Суперлига и 19 екипи од Првата лига. Екипата на Вардар како победник за сезоната 2020/21, ќе биде слободна во елиминационото коло и ќе се вклучи во натпреварувањето во групна фаза и ќе биде сместена во првиот шешир.
Во првото коло ќе се сретнат:,Борец – ГРК Тиквеш Работнички – Драчево ,Пролет – Кичево,Охрид – Преспа,Алкалоид – Радовиш,Скопје – Текстилец, Металург – Јехона Аеродром – Младост, Јуниор К.В – Куманово ,Македонија Ѓ.П – Струга,Бутел – Вардар Неготино,Астраион – Прилеп,Голден Арт – Партизан ,Шампион – Еурофарм Пелистер,Еурофарм Пелистер 2 – Металург а Вардар е слободен
Натпреварите од оваа фаза ќе се играат на 13 и14 ноември 2021 година.
М.В.