Тешко гостување бидејки скопјани ке бараат рехабилитација за неочекуваниот кикс со Е.Пелистер 2

По паузата заради ЕХФ неделата утре и задутре продолжуваат натпреварите од машката ракометна супер лига. Ракометарите на ГРК Тиквеш утре ке имаат тешко гостување во Скопје кај шампионот Вардар. Вардар ке сака да се рехабилитира заради киксот и поразот од Еурофарм Пелистер 2 па кавадарчани во најнезгоден момент му доаѓаат нагости на ранетиот лав. Но кавадарчани во Скопје нема да патуваат со бело знаме туку да се надигруваат и да пружат достоинствен отпор на фаворитот. Утре се играат и натпреварите Скопје-Струга, Радовиш - Еурофарм Пелистер 2, Охрид - Прилеп и Бутел - Металург. Единствениот натпревар кој ке се одигра во четврток е дербито во кое ке се сретнат првиот Еурофарм Пелистер и третопласираниот тим на Пролет кој заостанува 3 бода зад водечкиот двоец. Да споменеме дека средбата Вардар - Тиквеш се игра во салата Јане Сандански утре со почеток од 17.30 часот

М.В.