МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани со победата над Охрид се искачија на петтото место на табелата

Во машката ракометна суперлига викендов се одиграа средбите од 12 коло.

ГРК Тиквеш во дербито со Охрид одигра квалитетен натпревар и со помош на публиката стигна до заслужена победа од 25-23, победа со која се искачија на 5 позиција. Во Битола во братската пресметка постариот брат Еурофарм Пелистер нагости го совлада својот втор тим со 20-38. Интересно беше и на средбите Прилеп - Бутел 23-26 и Пролет - Металург 29-31. Вардар славеше нагости кај Скопје со 27-32 додека во дербито на дното Струга го доби Радовиш со 24-20.Во првата ракометна лига се играше 10 коло. Во саботата во групата А, Драчево го совлада Работнички со 37-33,Младост ја доби Јехона со 31-29 а Борец успеа да го совлада Партизан со 35-33. Вардар Неготино ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Шампион и славеше со убедливи 28-13 со што го задржаа првото место на табелата. Во групата Б се постигнаа следниве резултати: Јуниор КВ - Голден Арт 30-25, Куманово - Аеродром 32-24, Металург РА - Алкалоид 25-42, Македонија ЃП - Текстилец 26-25 и Астраион - Кичево 33-32. По поразот на Голден АРТ сега Алкалоид е осамен на врвот на табелата.

М.В.