Кавадаречките ракометари со 32-31 ја совладаа српска Дубочица и го освоија првото место на меморијалот Миле Нешкоски
Денеска на програмата на 6-иот меморијален турнир Миле Нешкоски во Прилеп на програмата беа натпреварите за конечен пласман. Средбата Струга - КЛ 7 заврши нерешено 27-27 а по подобро изведување на седмерци стружани го освоија 5 место на турнирот. Екипата на Еурофарм Пелистер 2 со 31-28 го совлада домаќинот Прилеп и го освои третото место на турнирот. Во финалето се сретнаа екипите на ГРК Тиквеш и Дубочица од Лесковац. Кавадарчани одлично го отворија натпреварот и на половина од пполувремето веке водеа со убедливи 10-3. До крајот на полувремето Тиквеш ја одржуваше предноста па на одмор заминаа со водство од 17-12. Во продолжение кавадарчани ја одржуваа високата предност од 6 и повеке голови но во финишот убедливото водство како да ги успа па српскиот претставник на две и пол минути до крајот стигна до 30-28.Сепак кавадарчани до крајот успеаја да издржат и на крај да слават минимална победа од 32-31.
М.В.