Кавадарчани посакуваат со победа да ја завршат календарската година
Машките ракометни суперлигаши само што го завршија 15 коло во кое беа постигнати следниве резултати : Бутел - Струга 30-19, Охрид - Радовиш 34-23, Скопје направи изненадување и го совлада Прилеп нагости со 26-27 а нагости славеше и Еурофарм Пелистер 2 кој го победи Пролет со 29-32. Во големото дерби во Битола Еурофарм Пелистер и Вардар одиграа без победник 27-27. ГРК Тиквеш имаше тешко гостување во Автокоманда кај Металург и не успеа да ја искористи кризата на скопјани и да се врати со позитивен резултат. Кавадарчани имаа можности да направат изненадување но примија гол од Велко Марковски буквално во последната секунда и беа поразени со 28-27.Време за одмор нема бидејки веке од денес стартуваат средбите од 16 коло - последно за оваа календарска година. Денеска своите дуели ке ги одиграат Радовиш - Еурофарм Пелистер, Струга - Металург и Вардар - Бутел. Во сабота Скопје го пречекува Охрид а во недела Еурофарм Пелистер 2 игра со Прилеп. Ракометарите на ГРК Тиквеш исто така во недела од 16 ч. во салата Јасмин ке го пречекаат Пролет. Кавадарчани посакуваат со победа да ја завршат оваа календарска година а згора на тоа Пролет им е директен конкурент за пласман во плеј офот.
М.В.