Младинците на ГФК Тиквеш и кошаркарките на Трокал покажуваат дека таленти има но што понатаму
Во фудбалот Шиков, браќата Мојсови, Вареловски и некои други, во кошарката Врба Стефанов, Гечевски, Самарџиев, Ристе Стефанов и некоиј други,во ракометот браќата Масларкови, Попов, Шалевски, Јанчев и некои други но што после нив. Фудбалот ни е на релација трета лига, втора лига еве сега прва лига и понекогаш ке блесне за кратко некоја звездичка на репрезентативно поле. Имавме фудбалерки кои играа во ЛШ но сега ги нема. Кошаркарите освојуваа титули во првенство, во куп во БИБЛ лига и кошаркарките исто така. И со машкиот и женскиот ракомет излегувавме во Европа . За жал женски ракомет веке немаме. Прашањето кое следи има ли иднина за кавадаречкиот спорт. Во фудбалот во првиот тим на ГФК Тиквеш три четворица наши деца. Таленти има но квалитетот и континуитетот ни се под знак прашалник. Нашите младинци сезонава перфектни. 6 победи на 6 средби. Значи имаме таленти. Во првиот тим на Еурооникел по некој талент на клупата.Младите категории солидни а отскокнува по некој талент од калибарот на Златев и Чадамов. Кошаркарките на Трокал иако најмлади во лигата засега делат лекции на повозрасните кои можат да им бидат постари сестри тетки па дури и мајки. 5 средби, 5 победи во лигата и плус без пораз во младинска картегорија каде настапува истиот состав. Во ракометот во екипата на ГРК Тиквеш неколку кавадарчани но тие веке се искусни и повозрасни. Помладите категории просечни со поедини блесоци. Од сево ова - заклучок. Има иднина но треба трпение и истрајност во тоа што се работи а секоја укажана шанса мора да се искористи. И нормално мора да се продолжи да се работи со талентите и да се обидеме да ги задржиме да не ни избегаат или да не ни ги земат поголемите пред се скопски колективи.Нема да ги заборавиме ниту талентите во карате, џудо, кик бокс, тенис, стрелаштво и други спортови но и за нив важи дека треба да се работи и да им се овозножи да напредуваат овде во Кавадарци.
М.В.