МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Црна Река загуби од фенерџијата Велес со 7-5 а Клими се поразени во дербито од Форца со 10-5

Лош викенд за кавадаречките футсалци. Во 16 коло од првата футсал лига Црна Река му гостуваше на фенерџијата Велес и беше поразена со 7-5 . Во дербито на колото третопласираниот Арбен Бајрами „очекувано“ загуби од лидерот на табелата тимот на Шкупи со 6-9. Актуелниот шампион Проект лесно со 1-7 славеше на гостувањето кај Шкендија. Јувентус Серава дома загуби од Железарец со 2-5 а Карадаку и Енхалон ремизираа 3-3. На табелата продолжува битката за првата пшозиција помеѓу Шкупи кој има 45 бода и Проект со 42.Во втората македонска футсал лига на програмата беа средбите од 13 коло. Во дербито лидерот Форца со 10-5 го совлада третопласираниот тим на Клими. Кеги Моби службено со 3-0 го доби дуелот со СФК Проект кој не допатува.Мал Ајакс загуби дома од Овче Поле со 2-5 а Астибо немаше милост за комшиите тимот на Црешово Топче и славеше со 10-2. Колото ке биде комплетирано денес со средбата Конзули – Кардашлк. На табелата води Форца со 33 бода пред Кеги Моби со 31 и Клими со 28.

Мики Виденовиќ