МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Словенците максимално ја искористија нашата младост и неискуство и славеа со 27-25

Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од 27-25 на отварањето на ЕП 2022 од соодветната селекцијата на Словенија. Пред натпреварот се повреди Лазаров па не можеше да го даде играчкиот придонес односно ја имаше само улогата на селектор. Нашите ракометари се покажаа во добро светло, и во големи периоди од натпреварот целосно му парираа на фаворизираниот противник. Сепак, неискуството во завршницата од двете полувремиња беше пресуден фактор за на крајот да биде забележан пораз на овој премиерен дуел во Дебрецин. Македонија одлично го отвори натпреварот и поведе со 0-3, па Словенија првиот гол го постигна дури во седмата минута. „Црвено-жолтите“ имаа и 1-4 но потоа противникот направи целосен пресврт и поведе со 7-4 а на полувреме беше 13-10. На стартот на вториот дел Словенија поведе со 17-12 но ние се вративме на 19-18. Неискуството си го направи своето па наместо сигурна реализација на зицерите ние го погодувавме само оквирот на голот и направивме недозволиви почетнички грешки што противникот знаеше да го казни и забележи победа од 27-25. Македонија во второто коло ќе се сретне со селекцијата на Црна Гора, меч што е закажан за сабота со почеток во 18 часот.

М.В.