Кавадарчани посакуваат победа во пресрет на пресметката со Вардар
Ракометарите на ГРК Тиквеш продолжуваат сигурно да чекорат на патот кон ракометниот плеј оф. Во редовното 20 коло овој викенд тие во сабота ке гостуваат во Струга кај истоимената екипа. Кавадарчани во моментов имаат три бода предност пред Пролет и 6 пред Охрид кој има натпревар помалку па затоа секој бод е важен. Освен средбата со Струга кавадарчани ги чека пресметка со Вардар во Кавадарци и гостување кај отпишаниот Радовиш. Во ова коло Охрид и Пролет во директна пресметка ке одлучат кој ке биде поблиску до плеј офот. Во другите средби Скопје – Бутел, под знак прашалник е Еурофарм Пелистер – Металург, Радовиш – Прилеп и Вардар – Е. Пелистер 2.Овој викенд продолжува и првенството во двете втори лиги. Во групата А се срекаваат Работнички – Јехона, Преспа – Партизан, Драчево – Борец а дербито се игра во Неготино каде лидерот Вардар го пречекува конкурентот за првото место екипата на Младост од Богданци.Двојките за групата Б се Куманово – Текстилец, Кичево – Алкалоид, Аеродром - Голден Арт, Астраион – Јуниор КВ и Македонија ЃП – Металург РА.
м.в.