МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Српскиот интерннационаец во својата кариера има насстапувано за тимот на Охрид

Екипата на ГРК Тиквеш продолжува да го креира тимот за следната сезона. Од клубот си заминаа само 4 ракометари и тоа голманот Стојаноски, левиот бек Јанчев и десните бекови Трпчевски и Гошевски како и тренерот Андоновски. Кавадарчани брзо реагираа и на местото на Андоновски го ангажираа Данило Брестовац кој веднаш се зафати со барањето на соодветни замени за оние кои заминаа. На местото на голманот Стојаноски најверојатно ке биде ангажиран црногорецот Јагош Брауновиќ. Шпекулациите велат дека местото на Јанчев во тимот ке го завземе босанецот Арнад Хамзиќ а последните информации од извори блиски до клубот велат дека Брестовац го посакува и српскиот десен бек Лазар Петровиќ, кој во својата кариера настапувал и за Охрид, и на некој начинн се наоѓа пред камбек во македонската елита. Потенцијалното засилување на Тиквеш во минатата сезона настапувал за Црвена Звезда. Претходно го носел дресот на шведски Варберг каде што минал две сезони. На десната бековска позија сезонава ГРК Тиквеш ке го има и Мартин Димовски кој е дете на Тиквеш но ке игра на позајмица од екипата на Голден Арт. Се очекува првата прозивка Брестовац да ја направи на 27 овој месец.

М. В.