РАКОМЕТАРИТЕ НА ТИКВЕШ СЕУШТЕ СЕ БЕЗ ПОБЕДА ВО КОНТРОЛНИТЕ СРЕДБИ
Суперлигашите полека но сигурно се подготвуваат за стартот на новата сезона. Тие влегоа во така наречена трета фаза од подготовките во која се предвидени контролни натпревари за воигрување на составот и влегување во натпреварувачки ритам. Ракометарите на ГРК „Тиквеш“ по стартни два пораза на контролките со „Радовиш“ (дома) и „Охрид“ (нагости) доживеаја уште два нови пораза. Прво на возвратниот дуел во Радовиш бевме поразени со 41-37. Во првото полувреме беа постигнати вкупно 42 погодоци, а домашните ракометари имаа предност од два гола, 22-20. И двете екипи на оваа средба настапија без неколку клучни ракометари.Кај „Тиквеш“ се работи за ситни повреди и замор односно тешки нозе додека во тимот на „Радовиш“ ги немаше Златко Везенковски и Александар Марков. За време на викендот „Тиквеш“ гостуваше во Скопје на екипата на „КЛ 7“. По победата над „Аеродром“, тимот на „КЛ 7“ ја оствари и втората победа пред стартот на новата сезона совладувајки го новиот суперлигаш Тиквеш со резултат 27-26. На почетокот од средбата избраниците на Андон Бошковски поведоа со 6-2, а на полувреме имаа и плус пет, 15-10.Во вториот дел домашните стигнаа до максимални плус шест, 19-13, но сепак искуството на нашите ракометари си го стори своето го искористија падот на концентрација кај домакините и стигнаа само до минус еден, но немаше време за комплетен пресврт и победата му припадна на тимот на „КЛ 7„.
м.в.