МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од следната сезона клубовите наместо 8 ке можат да ангажираат само по 6 странци

Странските спортисти се се почести во македонските клубови особено во оние кои преферираат за високпласман. И не е проблем дека немаме наши македонски квалитетни фудбалери, ракометари или кошаркари туку нивниот број е ограничен па кога оние 3-4 најквалитетни екипи ке ги поделат меѓу себе остануваат само оние просечните што ги принудува клубовите кои сакаат највисок пласман да ангажираат странци. Федерациите од сезона во сезона ги менуваат правилата за странците од тоа колку една екипа може да ангажира до тоас колку странци истовремено можат да се појават на теренот. Најнови измени воведува РФМ.Од сегашните максимално осум странски ракометари што може да настапуваат во клубовите во Македонија, следната сезона бројката ќе се намали на шест. Но, ќе се смени и правилото што донесе најмногу забуни и негодување кај клубовите, а тоа е рангирање на земјите од каде доаѓаат ракометарите. Во иднина секој клуб што ќе сака да ангажира странски ракометари, може да ги пријави за натпревар и тоа: најмногу тројца без ограничување, во однос на земјата од каде доаѓа, и плус уште тројца кои за настап ќе мораат да имаат најмалку 15 репрезентативни настапи. Според новите правила што треба да важат од следната сезона нема веќе да има ограничувања во однос на тоа од која репрезентација доаѓаат, туку единствено да имаат настапи за сениорската репрезентација. Сега на сила е правило кое носи многу конфузија, и се однесува на ангажирање на тројца ракометари, слободно без ограничување, плус уште пет кои доаѓаат од земји што во Топ-15 листата на ЕХФ и имаат најмалку 10 настапи за репрезентацијата. Недостасуваше објаснување според која ранг листа треба да се водат екипите. Тоа носеше многу забуни, и никој од клубовите не знаеше дали некој од ривалските екипи пријавува играчи што немаат право на настап. Ограничувањата на странски ракометари се однесува само на националниот систем на натпревари, а нема ограничување за настапите во меѓународните натпревари.

М.В.