МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СЕ ПУКАШЕ НА НОВИ ЕЛЕКТРОНСКИ МЕТИ НАБАВЕНИ ОД ФЕДЕРАЦИЈАТА

Изминатиов викенд на стрелиштето при гимназијата „Добри Даскалов“ се одржа контролен оценувачки натпревар за нивото на подготвеност на јуниорската репрезентација на Македонија за мажи и жени во дисциплината воздушна пушка. Оваа репрезентација ја води селекторот Трајче Дамески. Од вкупно 9 присутни стрелци кавадаречките две претставнички го завзедоа 5 и 8 место. Да напоменеме дека се пукаше на новите електронски мети кои се набавени од федерацијата. Присутен беше и претседателот на МССФ Јордан Тасевски како и тренерите Валентина Гоџоска, Андријана Колева и Горан Илиев.

м.в.

120996904_772919753501635_6762321654518024532_n 121002579_334437317846366_942140704597902413_n 121000581_625642011447185_8495256656804130452_n