МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадаречките ракометари не дозволија изненадување на домашен терен

ГРК Тиквеш вечерва го пречека фаворизираниот Бутел во празната сала Јасмин заради казната што ја одработуваат кавадарчани. Средбата почна израмнето се до резултат 6-6 кога домакинот за прв пат се одлепи на 8-6 а на полувреме замина со предност од 14-10. Кавадарчани во вториот дел мудро ја одржуваа предноста од 4 до 6 гола и на крај заслужено се радуваа на новата победа од 29-25. Повторно на голот на ГРК Тиквеш блесна Марјан Велков, а нападот делуваше ептен тимски и се реализираше од сите позиции. Симиќ, Јанчев и Стефановиќ постигнаа по 5 погодоци а Темелкоски и Трпчевски по 4. Кај Бутел најефикасни беа крилата Митев и Мојсоски со по 5 погодоци

М.В.