МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Покрај трите главни трки на 5 и 10 км и полумаратонот ке има и две детски трки

Општина Кавадарци и Меридијан Атлетик Еко Клуб го организираат 4. Кавадаречки полумаратон кој ке се одржи утре сабота 19 март во 12:00 под мотото "Го сакам Кавадарци".

И годинава е предвидено да се трча на три различни должини на патеката и тоа на 5 и 10 км и полумаратон од 21 км. Патеката за 4. кавадаречки полумаратон е иста како и за претходните три изданија. Се трча во централното градско подрачје на улиците Илинденска, Тиквешко Востание и Моша Пијаде. Патеката е кружна, еден круг е во должина од 2.5км. Полумаратонците трчаат 8 круга, а тркачките на 5 и 10км трчаат по 2 односно 4 круга. За најдобрите следуваат пехари, а за полумаратонската трка ќе има и пласман по категориии, до 40 години, од 40 до 50 и 50+. Трките ќе се одвиваат во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ). Oваа година на 4. Кавадаречеки полумаратон покрај трките на 5 и 10км и полумаратонот, се организира и детска трка.За деца до 10 години трката ќе биде на 500 метри, за деца од 11 до 14 години трката ќе биде во должина од 1км, a за најдобрите следуваат пехари благодарение на Општина Кавадарци. Трката ќе биде во 11 часот, пред трите главни трки кои започнуваат во 12:00.

viber_image_2022-03-18_12-33-46-559

M.Виденовиќ