МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За новата сезона до РФМ пристигнаа дури 19 пријави за учество во првата лига

Во новата сезона во Првата машка ракометна лига најверојатно ќе играат 19 екипи. Рокот за пријавување на екипите беше до 1 јули, а во Ракометната федерација пристигнале 19 пријави, иако не е исклучено да има и повеќе доколку има пријави пратени по пошта. Во однос на екипите од минатата сезона, ќе има неколку нови екипи што се пријавени во прволигашкото друштво. Станува збор за екипите на Овче Поле од Свети Николе, Бисинов од Велес, Алкалоид 2 итн… Според она што беше најавено на Собранието на РФМ, доколку се пријават повеќе од 14 екипи, ќе се игра во две групи, со плеј-оф и плеј-аут во пролетниот дел од сезоната во кои ќе се сметаат резултатите од натпреварите одиграни со екипите од истата група. Минатата сезона од Првата лига дури пет екипи обезбедија место во елитната конкуренција, а оваа сезона тоа ќе биде случај со екипите што ќе бидат на првата и втората позиција, додека третопласираната екипа ќе игра суперлигашки бараж. Датумот за ждрепката на групите и распоредот со термини дополнително ќе бидат одредени

М.В.