МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Нови суперлигаши се Мулти Есенс и Аеродром, од елитата испаднаа Радовиш и Јуниор КВ а Вардар Неготино ке игра бараж со Драчево за опстанок

И официјално заврши ракометната сезона во Македонија. Изненадувањето во последното коло го направи Алкалоид кој како гостин го совлада Вардар со 21-25 и ја освои вицешампионската титула а Вардар на крај заврши како трет. Новиот шампион Пелистер со победа од 35-26 над ГРК Тиквеш ја прослави титулата. Бутел го доби Охрид со 24-17 а Еурофарм Пелистер 2 со 28-25 го совлада Пролет. Во плеј аутот Скопје со 35-31 го совлада Радовиш кој следната сезона ке игра во првата лига. Во првата лига се сели и тимот на Јуниор КВ кој загуби од Струга со 27-25. Прилеп го доби Голден Арт со 31-25 а Вардар Неготино го совлада Куманово со 35-30 и обезбеди бараж за опстанок. Нови суперлигаши се Мулти Есенс и Аеродром а Драчево ке игра бараж со Вардар Неготино за место во елитата.

М.В.