Кавадарчани во овој дуел се фаворити на хартија а во Неготино Вардар ке брка прва победа против Куманово
Ракометните суперлигаши викендов ке го одиграат второто коло. Во групата А шампионот Вардар гостува кај Прилеп, кој досега нема победа, па се освен триумф на „црвено-црните“ ќе биде сензација. Дербито се игра во Скопје, каде новиот суперлигаш Алкалоид, кој досега нема пораз ќе го пречека амбициозниот Охрид. Струга, која исто така нема пораз гостува кај фаворитот Бутел. Во Неготино домашниот Вардар и Куманово, ќе војуваат за првите бодови оваа сезона. Сите средби во оваа група се играат утре, сабота 17 септември. Во групата Б во Битола денеска се игра братски двобој, во кој првиот тим е фаворит за бодовите. Утре Пролет ќе бара трет суперлигашки триумф на гостувањето кај Радовиш,додека Тиквеш ќе му гостува на Јуниор КВ, а тука фаворитската улога им припаѓа на кавадарчани. Во недела Голден Арт ќе го пречека Скопје во натпревар во кој домашните се фаворити.
М.В.