МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Кеги Моби“ и “Форца3 се одлепија како најсериозни кандидати за пласман во првата лига

Откако се комплетираше 17 коло од втората футсал лига две екипи се издвоија на врвот на табелата. Лидерот Кеги Моби со убедливи 2-9 славеше на гостувањето во Тетово против СЕЕ Университи. Форца забележа важна победа со 8-4 против Црешово Топче и направи сериозен чекор кон местата што водат во повисок ранг. Конзули со 4-0 го совладаа Астибо и ги згаснаа шансите на штипјани за прва лига а Овче Поле со 8-1 го декласираше Кардашлк. На табелата боди Кеги Моби со 40 бодови пред Форца со 39. На третото место е екипата на Клими која собра 34 бода а во ова коло беше слободна. Следуваат Астибо со 31, па Овче Поле и Конзули со 29.

М.В.