На 30 септември Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути донира 14 нови спрецијализирани возила со пумпа за гасење на пожар.
Специјализирани возила добија територијалните противпожарни единици на Град Скопје, Кавадарци, Битола, Штип, Велес, Куманово, Тетово, Гевгелија, Гостивар, Кичево, Прилеп, Охрид, Струмица и Кочани.
Новото специјализирано противпожарно возило го подигна Командирот на Територијалната противпожарна единица на општина Кавадарци, Александар Чадамов, во придружба на раководителот на Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување Драги Котев, и Советникот по мерките за заштита и спасување, Сашко Петров.
Со оваа набавка од 42,5 милиони денари, Дирекцијата за заштита и спасување сериозно ја подобрува техничката опременост на противпожарните служби во делот на гасење и справување со пожарите, дали се пожари на отворен или се пожари во затворен простор.
Противпожарните служби заслужуваат најдобра опрема, најдобри услови за работа, бидејќи секогаш во критични и опасни ситуации тие се меѓу првите кои излегуваат на терен и граѓаните секогаш сметаат на нивна помош.