МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

– Во организација на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија денес се одржа четвртиот регионален настан во општина Куманово на кој присуствуваа претставници од општини, училишта, невладини организации, општествено одговорни компании и медиуми од североисточниот плански регион. Проектот има за цел да придонесе кон суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните училишта. Овој проект го спроведуваат Фондацијата „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, а се реализира вo соработка со Министерството за образование и наука.

Како дел од овој проект се доделуваат стипендии и туторска поддршка на учениците со попреченост, се поддржува наставниот кадар, инклузивните тимови и образовните асистенти преку обуки за професионален развој и се работи и на подобрување на пристапноста и инклузивноста на училиштата. Во таа насока, во североисточниот плански регион се доделија училишни грантови и пакети за поддршка за 7 редовни училишта со кои се подобри пристапноста на училиштата, а се опремија и сензори соби и инклузивни игралишта. Понатаму, организирани се и обуки за градење на капацитети на училишни инклузивни тимови за 6 училишта, организирани се две средби со лица со попреченост и нивните семејства, 12 училишта се учесници на работилници, предавања и обуки за градење на капацитетите на образовните асистенти и 7 тутори се обучени за работа со стипендистите на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

Свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Куманово, г-н Максим Димитриевски кој напомена дека општината во соработка со Министерство за образование и наука како и со различни здруженија, активно работи за придонес кон обезбедување рамноправен пристап на децата со попреченост до квалитетна настава, пристапна и стимулативна средина. “Општината инвестира во инфраструктурни проекти кои ја подобруваат пристапноста на основните и средните училишта. Исто така, со јавен повик се обезбедени финансиски средства од буџетот на општината наменети за невладини организации кои работат на полето социјална заштита, меѓу кои и организации кои работат со лица со попреченост. Општината исто така финансиски поддржува и Центар за индивидуални дневни услуги за деца со попреченост во општина Куманово, како и Центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со умерена и тешка интелектуална попреченост над 18 годишна возраст. Во соработка со проектот “Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” изградени се сензорни соби во 5 основни училишта и дополнително 2 инклузивни игралишта. Исто така, преку проектот „Инклузивна училница“, со кој аплициравме во Програмата Општинско корисна работа имаме ангажирано 13 образовни асистенти и 2 лични асистенти на ученици со попреченост во средните училишта.” изјави градоначалникот.

2-Куманово 3-Кумнаново