МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Деновиве се појави првиот сингл на младиот пеач Петар Крстев од Кавадарци.

Се работи за песната „Коцкар„ за која го напиша текстот и аранжманот истовремено и ја исполнува.Снимена е во студиото Ѓорѓевиќ, на кавадарчанецот Александар Ѓорѓевиќ. Песната е веќе хит меѓу младите кавадарчани.Промоцијата е направена на средношколска забава во Гимназијата меѓу неговите врсници.

Инаку Петар има 18 години, ученик е во Гимназијата-4 година и пеењето му е голема љубов од која очекува многу.Се надеваме дека неговите песни ке станат хитови, со оглед на тоа што за кратко време песната „Коцкар„ е прегледана околу 3.900 пати.