МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Додека го чекаме почетокот на емитувањето на ЗОКИ ПОКИ, се запознаваме со слатката и талентирана Анастасија Аневска, која ја толкува улогата на Лидија.

Анастасија е шесто одделение во ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и обожава да гледа филмови и театарски претстави. Надвор од училиште, Анастасија ја истражува глумата во драмското студио „Детски Свет“, синхронизира цртани филмови и серии и настапува во две претстави во Драмски театар.

Во видеото со прашања и одговори подготвено од тимот на „Зоки Поки“, Анастасија открива кои ѝ се омилените предмети во школо, дали повеќе сака фудбал или кошарка, дали има симпатија, што сѐ претставува љубовта за неа, која ѝ е омилената суперхероина и зошто бира куче наспроти маче. Исто така, Анастасија споделува книга, филм и серија кои ѝ оставиле најмногу впечаток, а особено е интересно кој филм го одбира.

Останатите улоги ги толкуваат децата-актери Матеј Настевски (Зоки Поки), Матеј Зимбаков (Гоки) и Матео Матоски (Боки).

Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба.

Повеќе информации за ТВ-серијата се достапни на веб-страницата ZokiPoki.mk.