На 14 декември 1943 година во Кавадарци почина д-р Ѓорѓи Каламчев, прв лекар македонец во Кавадарци.
Роден е во Егејска Македонија во 1891 година Се школувал во Солун, Цариград, а Медицински факултет завршил во Виена. Веднаш по дипломирањето се вработил како лекар во Кавадарци каде се оженил со учителката Љубица Кујумџиева. Оставил силен впечаток во градот како добар лекар, кој на тие што немале да му платат, им велел: “биди здрав и жив, Господ ќе плате за тебе“. Имал воденица на парен погон на река „Црна“ кај Возарци. Починал од тумор на желудникот.