МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 13 август 1943 година , во месноста “Калница“, близу Кавадарци од страна на соработник на бугарскиот фашистички окупатор е убиен Тоде Хаџи Тефов-Шустри, постариот брат од браќата Хаџи Тефови.

Роден е во Кавадарци во 1920 година. завршил основно образование, а потоа и Учителска школа. Рано се вклучил во напредното движење и веќе во 1941 г. е член на една скоевска група, а потоа бил и член на КПЈ. Поради револуционерни идеи заедно со Димката Габерот биле испратени да работат како учители во Горни Дбник. Но само по неколку месеци ја напушта службата се илегализира а веднаш потоа станува борец во одредот “Добри Даскалов“ На 7 август со Данчо Поп Атанасов се испратени во Кавадарци да подготват нова група младинци за во партизани. На 13 август во месноста “Калница“ бил убиен од контрачетникот Трипун Чолакот.

Петре Камчевски