На 15 Јуни 1913 година започнува првиот бунт против српската власт, кој започнува во Тиквешко и е познато како Тиквешко востание.
Востанието започнува како резултат на обидите на српските власти присилно да го србизират локалното население.При тоа тие правеле ѕверства врз локалното население.Така едно момче по име Александар Видов, е убиено само поради тоа што изјавува дека не се чувствува како Србин. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.Централниот Комитет на ВМОРО го испраќа својот член Петар Чаулев кој има средба со Јовче Шкатров, а при нивните консултации е донесена одлука за дигање на востание.Во Април и Мај 1913 г. ВМОРО е спремна да дигне востание во Тиквешко против спрскиот окупатор. На 26 Мај раководството на организацијата во Кавадарци заедно со Централниот комитет донесуват одлука во Тиквешко да се придвижат четите на Марко Иванов, Милан Матов, Панајот Карамфилович, Петар Чаулев, Милан Грлуков и други. На 29 и 30 мај е свикано собрание во село Бегниште, на кое што присуствуват 60 претставници на сите села во Кавадаречка околија. За подигање на востание гласат едногласно сите делегати. Избран е револуционерен штаб, во кој што влегуваат Михаил Шкартов, Лазар Банјански, Христо Михов, Коце Сеизов, Атанас Мурджев, Тодор Камчев, Пано Измирлиев, Мело Јанев, Тодор Мицев, Глигор Линин, Ефтим Манев, Дончо Лазаров, Васил Саздов, Димитар Пинджуров, Атанас Божков, Трајчо Трушијата, Гошо Голев, Јованче Шошев, Милан Атанасов и Милан Ацев.Востанието започнало на 15 јуни 1913 година, и покрај Неготино и Кавадaрци ослободени се и педесетина села Тиквешија. Четите на војводите Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат на српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и на 19 Јуни успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани.Слободата траела само седум дена, кога Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ како и од Јован Бабунски и Јован Долгач.
На помош на српската војска иде и башибозук на Јаја Ага со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами на себе во обидот да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 1.000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени.150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак - колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.
Позајмено од :revolucionerot.blogspot.mk