МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска се навршуваат 200 години од изградбата на ваташката црква Успение на Пресвета Богородица.

Ова црква била изградена по иницијатива на ваташкиот трговец Хаџи Коле Поп Антов, кој дал многу пари и успеал да добие ферман од валијата за изградба на црквата. Во нејзината градба учествувале 80 мајстори, меѓутоа и сите жители од селото. Прв свештеник во црквата бил поп Камче, син на Хаџи Коле. Црквата е трикорабна со импресивни димензии, долга е 23, а широка 10,30 м, Фрескоживописот го изработил зограф Крсте од Велес, Црквата располагала со повеќе од 70-сетина икони, а имала и многу вредни црковни книги и ракописи, меѓу кои и една книга Имогларион потпишана од Даскал Камче.