МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 5 март 1915 година во Струмица каде татко му Димитар работи како учител е роден народниот херој Страшо Пинџур.

Се образувал во Ваташа, Кавадарци, Крагуевац. и Белград каде завршил Правен факултет. Како студент бил член на културно-просветното друштво “Вардар“ и “МАНАПО“, каде што членувале сите напредни студенти кои се школувале на Белградскиот универзитет. Во 1938 година прави обид да се префрли во Шпанија каде што сакал да се бори на страната на интернационалните бригади против генералот Франко. На два пати поради револуционерни идеи бил апсен и затворен во затворот Ада Циганлија во 1938 и во 1940 година. Во 1941 г. станал инструкор на ПК на КПЈ за Македонија, а веднаш потоа и член на Покраинскиот воен штав. Во 1941 е секретар на МК на КП за Скопје и еден од иницијаторите за формирање на Скопскиот партизански одред. Во 1942 г. Страшо е член на Покраинскиот комитет а од јуни истата година и член на Главниот штаб на Македонија. Во ноември 1942 г. добива задача да оди во Велес и со Мирче Ацев да ја средат состојбата во партиската организација, Оркриени се и уапсени од страна на бугарскиот окупатор во куќата на Јован Митрев и безмилосно се измачувани во скопскиот Областен затвор. На 4 јануари 1943 година Страшо Пинџур им подлегнал на страшните измачувања. За народен херој прогласен е на 29 јули 1945 година.

П.Камчевски