МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 27 септември 1942 година во Кавадарци почина Васил Пачаџиев, комита и војвода од илинденскиот и поилинденскиот револуционерен период во Македонија.

Роден е во село Бања, Пиринска Македонија. Се образувал во своето родно место и во Софија, каде завршил гимназија. Во 1903 година се вклучил во четата на тиквешкиот војвода Пешо Самарџиев, а од 1905 година е војвода на една тиквешка чета. Се борел со турските военополициски сили, меѓутоа и со врховистите. За време на Хуриетот на чело на една чета составена од тиквешани учествува во соборувањето на султанот Абдул Азис. Пачаџиев учествува и во Тиквешкото востание во 1913 година.