МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 5 мај 1881 година во Кавадарци е роден Милан Поп Михајлов

Поп Михајлов бил учител и револуционер од времето на Илинденското востание. Завршил основно училиште во Кавадарци а семинарија во Цариград. Работи како учител во Кавадарци и други места во Тиквешко. Бил раководител на Тиквешкиот револуционерен округ во 1902 и 1903 година. Користејќи ги врските со ерменските револуционери успеал да набави многу оружје и експлозив за потребите на Организацијата во Кавадарци. Загинал при правење на експлозивна направа на 23 август 1903 година.