МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ваташа во Архивите на Музејот во Кавадарци

На фотографијата е прикажана Мулапашината џамија во село Ваташа која била изградена во почетокот на 16 век. Се наоѓала во Турско маало на десната страна од реката Луда Мара во близината на големиот јавор.Ваташа имала своја црква Св. Михаил Архангел уште во првата половина на 14 век. Ја опљачкал и запалил Тимурташ паша во 1385 година кога ја освоил Тиквешијата. Во Ваташа имало две џамии, помалата била во Коџа маало и се вика Али-агина џамија.Според историските податоци кон крајот на 19 век селото Ваташа има 1808 жители од кои христијани 1142 а муслимани 666. Според пописот направен тоа време, конкретно во 1900 година Кавадарци пак имал вкупно 5.092 жители од кои: 1940 христијани, 3000 муслимани или потурчени, 32 власи и 120 роми. Во тој период во Кавадарци се споменуваат 6 џамии 1 во Кулевското маало, во Синановското маало 1, во Чаршиското маало 1, во Рекинското маало 1, во Хасково маало 2.

П.Камчевски

Музеј Галерија Кавадрци