На 2.02.1944 година започна Февруарскиот поход
Походот го изведоа единиците од НОВ (Првата, Втората македонска бригада и групата баталјони) кои презедоа маневарски продор кон Централна и Источна Македонија. Втората македонска бригада во која поголемиот дел од борците се од Тиквешко дејствувала помеѓу Тиквеш и Гевгелиско, преземајќи офанзивни дејства према Кавадарци и Демир Капија. Походот трае до 25 февруари 1944 година, при зимски услови, висок снег и многу ниски температури а притоа водејќи жестоки борби со фашистичките сили.