МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 9 март 1940 година во Кавадарци е роден академик Глигор Чемерски Гиче.

Се образувал во Кавадарци, Скопје, Белград и Париз. Завршил Академија за ликовна уметност во 1963 г. во Белград во класата на Проф. Ѓорѓе Андреевиќ Кун, а постдипломски студии на истиот Универзитет. Како стипендист на француската влада Глигор престојува во Париз од 1969 до 1970 година. Многу често престојува во Франција, а неколкуипати изложува свои дела во Galerie Fleove во Париз. Во 1960 година ја отвора својата прва самостојна изложба, а за време на својот живот реализирал повеќе од 70 сетина изложби ширум светот. Чемерски е автор на голем број монументални дела ( мозаици) во Кавадарци, Будва, Херцег Нови , Скопје, Белград, Загреб, Париз, Дубровник, Хаг, Будимпешта, Истамбул, Вашингтон,Атина, Сараево и др. Меѓу неговите монументални споменици ќе ги споменеме “Споменикот на слободата“ во Кочани, Мозаикот “Човек и светлина“ во ХЕ Вруток, мозаиците во Кабинетот на Претседателот на Р. Македонија, вила Водно во Скопје. Во својот роден град Глигор Чемерски има реализирано 5 самостојни изложби во 1973 г. во аулата на билиотеката Феткин , во 1985 и 1999 и 2006 година во Музеј-галерија Кавадарци и една во Дом на културата во Кавадарци. Во Кавадарци Чемерски има изработено 3 монументални мозаици во тремот на Музеј-галерија Кавадарци, на западниот ѕид од поштата и на северниот ѕид од поранешната Стоковна куќа.

28870266_372436126557695_3295014051213461502_n.jpg