МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Роден е сликарот Петар Мазев од Кавадарци

На денешен ден 10 февруари 1927 година во Кавадарци е роден големиот македонски сликар Петар Мазев, клучна личност на модерната и постмодерната ликовна уметност во Македонија. Задно со Никола Мартиновски се најеминентните претставници на експресионизмот во тогашна Југославија. Дипломирал во Белград на АЛУ, од тогаш започнува неговиот уметнички пат кон ѕвездите.

16649136_211270512674258_1615079765704841984_n.jpg

Самостојно излагал во Скопје, Белград, Љубљана, Сараево, Титоград, Њујорк, Париз, Брисел и др. Автор е на монументални дела меѓу кои Споменикот Илинден во Крушево, Спомен костурницата во Велес, Муралот на старата железничка станица во Скопје, муалот на старата автобуска во Кавадарци и многу др. Негови дела денес се наоѓаат во државни и приватни збирки во САД, Германија, Швајцарија, Србија Хрватска, Словенија и др, беше редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје и еден е од основачите на ФЛУ во Скопје каде остана се до неговото пензионирање во 1980 година. Петар Мазев умре во Скопје на 13.03. 1993 година.

Музеј галерија-Кавадарци

Петре Камчевски

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)