Во среда на 22.08.2018 година во 20.00 часот во ИЗЛОЖБЕНИОТ САЛОН НА ОУ МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО се организира изложба на стари фотографии поставени на лед дисплеј екрани кои ги отсликуваат луксузните кружни патувања на Лојдовите парабродови “Кралица Марија“ и “Принцес Олга“, со претставување на ентериерите на бродовите, пристаништата и градовите каде што пристигале овие параброди на кружните патувања на релација Сплит-Грција-Палестина-Египет-Сплит! Се работи за изложба која заслужува внимание да се посети и види.