ДО 31 МАЈ СЕ ЗАБРАНУВА ДВИЖЕЊЕ И ПРЕСТОЈ НА ЛУЃЕ ВОЗИЛА И СТОКА ВО РЕОНИТЕ КАДЕ СЕ ИЗВРШУВА ГАЃАЊЕТО
Во периодот до 31 мај оваа година, на повеќе реони на армискиот полигон Криволак ќе се изведуваат гаѓања. Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување. Исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот.
Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица.
М.В.