Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков заедно со своите соработници денеска на терен го следеше започнувањето на градежните активности за санација на главната улица „Маршал Тито“ во должина од 800 метри.
Станува збор за санација на потегот од раскрсницата со ул„Манчо Малиминов“ до раскрсницата со ул„29 Ноември“, а санацијата на коловозот на предвидениот потег опфаќа замена на коловозната покривка по целата ширина на коловозот од 7 метри, како и замена на горниот носив слој каде што истиот е оштетен. Работите на терен ги изведува градежната фирма „Градба промет“ и според проценките на стручните служби, се очекува работите да завршат за 14 денови. Се информираат моторизираните граѓани кои поминуваат на потегот на кој се изведуваат градежни работи за внимателно возење со цел нивна и безбедност на сите учесници во сообраќајот, а истиот за времетраењето на работите ќе биде регулиран со сообраќајна сигнализација која континуирано ќе биде присутна на терен.
извор: www.negotino.gov.mk