МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Синоќа во преполната сала на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино, беше одиграна претставата “Пасивно пушење” во изведба на кавадаречкиот театар.

Актерите од театарот “Иван Мазов Климе”-Кавадарци со изведбата на оваа извонредна комедија предизвикаа смеење до солзи кај бројната неготинска публика, која во оваа прилика покажа дека го сака театарот и дека ваквите културни настани се добредојдени во нашиот град. Одличната посетеност и феноменалната актерска игра која беше изведена на сцената во Центарот за култура се мотив повеќе за општина Неготино и Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во иднина да работат на збогатување на театарскиот репертоар на оваа културна установа.

Воедно, овој културен настан беше увертира во богатата културна програма која општина Неготино ја подготвува за периодот кој следува (18 – 23 септември).

Извор : www.negotino.gov.mk