МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Неготино денеска беше еден од 2.500-те градови во Европа во кои се одржа акцијата „Ден без автомобили“ во рамките на одбележувањето на „Европската недела на безбедност“.

Целта на оваа активност е да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии и мерки за планирање на урбаниот транспорт со цел за намалување на употребата на автомобили и редуцирање на емисиите на штетни гасови во воздухот. Денешниот настан општина Неготино го реализираше во соработка и со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање кој годинава се одржува под мотото „Комбинирај и движи се“, а како партнери во проектот се јавуваат Европската делегација во Македонија и ЕУ Инфоцентарот од Скопје. На овој ден традиционално беше затворена по една или повеќе улици во градот за сообраќај и се резервираат за движење на велосипедисти, пешаци или за јавен транспорт. Денеска во Неготино во период од 2 часа додека трае активноста учесниците се движеа по улиците Маршал Тито, Партизанска и Баба Ана Ташева и завршија на градскиот плоштад каде е планирано да заврши предвидената маршрута, а во настанот се вклучи и градоначалникот на општина Неготино Тони Делков.

извор: www.negotino.gov.mk