МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРОЕКТ ФИНАНСИРАН ОД ЕУ СЕ РЕАЛИЗИРА ВО ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ„ НЕГОТИНО

Без разлика на временските услови во општина Неготино продолжуваат активности кои во голема мерка влијаат на подобрување на образовниот аспект на институциите. Деновиве во тек е реализација на проект во ООУ „Гоце Делчев“ со кој ќе се овозможи подобрување на физичката пристапност до и во училиштето и на условите за следење на наставата за учениците со попреченост кои се вклучени во воспитно-образовниот процес. Увид во работите на терен извршија секретарот на општина Неготино, Ивица Златковиќ и директорот на оваа образовна установа Петар Мантев кои информираа дека поставувањето на пристапното игралиште со специјално адаптирана опрема за рекреација и рехабилитација во училишниот двор се смета дека е од голема важност за градење на инклузивните образовни средини. Директорот Мантев истакна дека всушност станува збор за проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен и ИНклудиран“ кој е финансиран со средства од Европската унија, а истиот го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со МОН и БРО.

м.в.