Изложба на Емил Димоски, кој создава уникатни творби и макети чија што креативност е оригинална. Делата се направени од природен материјал камчиња, дрвца, трева, ќерамиди, многу релаксирачки создадени куќи инспириран од мотивите на македонското неимарство. Макетите на куќи изгледаат многу реалистично кои се одраз на архитектурата на минатото и се има чувство дека вратата сама ќе се отвори и ќе влезе некој да ги согледа спомените, или ѕиркајќи низ прозорчињата ќе се врати во минатото...Преубава изложба која буди пријатни чувства и спомени!!!
Емил Димоски е роден 1980 г. во Прилеп, и со многу љубов, трпение создава уникатни творби и макети, кој вешто ни го пренесува минатото, а преку изложбата, во овој негов творечки сегмент може да ѕирне и публиката. На овој начин Емил Димоски дава свој креативен придонес за зачувување на богатата и неисцрпна македонска традиција.