МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Макеоднската жива легенда на убавата шансона,пејачот кој ги буди емоциите на публиката,особено понежната,човекот кој со позититивна енергија докажа дека „кој пее зло не мисли„- македонскиот „Том Џонс“ -Ѓоко Ѓорчев утре во салата Младост во Неготино ке посвети концерт на своите македонци.

Имено Ѓорчев и неговите пријатели од македонската страдата ќе одржат голем хуманитарен концерт а целиот приход од продадените билети, чија цена изнесува симболични-100 денари, е наменет за помош на поплавените граѓани во Скопје и околината.

Тој вели дека секаква помош е добредојдена во вакви моменти и решил со неговите колеги да даде свој придонес да се подобри животот во поплавените подрачја во Скопје и да се санираат штетите, макар и со скромен придонес.

Концертот ќе се одржи утре четврток на 29 септември со почеток во 20.30 часот, со поддршка на општината Неготино под наслов „Ѓоко и пријателите за Скопје“.Спортскиот Центар „Младост“ ,се надева Ѓорчев ќе се наполни и дека над илјада луѓе ќе бидат дел од оваа хуманитарна мисија - вели Ѓоко Ѓорчев. На хуманитарниот концерт ке настапат Мики Јовановски-Џафер, Џина Папас-Џокси, Александра Јанева, Александар Белов и младите пејачи Мартинијан Кириловски и Лена.