ПО ПРИЕМОТ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДЕЛКОВ АМБАСАДОРКАТА ГО ПОСЕТИ МУЗЕЈОТ НА ОЛД ТАЈМЕРИ
Денеска во официјална работна посета на Неготино престојуваше нејзината екселенција, амбасадорката на кралството Велика Британија, Рејчел Галовеј. Амбасадорката Галовеј прво беше примена од градоначалникот на општина Неготино, Тони Делков во неговиот кабинет каде имаа конструктивен разговор на повеке теми.Еве што по разговорот ни изјавија градоначалникот Делков и британската амбасадорка.Според предвидениот протокол потоа високиот гостин го посети музејот на олд тајмери на Дионис Пашлаков каде неговиот син на британската амбасадорка детално и ги објасни сите експонати со по некоја кратка сторија поврзана со самиот акспонат. На крај амбасадорката беше испратена и со парче торта подготвена специјално за оваа пригода а не изостанаа и подароците.
М.В.