МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

И ГОДИНАВА КЕ СЕ ДЕГУСТИРААТ И НАГРАДУВААТ НАЈДОБРИТЕ ВИНА И РАКИИ ОД ИНДИВИДУАЛНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

Општина Неготино и годинава сепак ке се вклучи во одбележувањето на Свети Трифун“ - празникот на лозарите и винарите. Се очекува годинава празникот да биде одбележан скромно и со редуцирани содржини и настани, без поголеми собирања и со строго почитување на здравствените протоколи за заштита од пандемијата од коронавирусот. Една од оние традиционални активности кои и годинава ке се одржи ќе биде натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители на кој право на учество ќе имаат сите производители кои во периодот до 10-ти февруари 2021(среда) ќе ги достават потребните мостри на своите производи.

Од локалната самоуправа Неготино не информираа дека истите можат да се достават во зградата на општина Неготино на трети спрат кај лицето Дени Трајков, а заинтересираните подетални информации можат да добијат и на тел. број 078-822-292 во периодот од 08 до 16 часот. Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија составени од членови на Здружението на енолози, а за производителите на најквалитетна ракија и вина вообичаено се предвидени награди и признанија.

м.в.