МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОДВОИ ОПШТИНА НЕГОТИНО ЗА ЦЕЛОСНА ВНАТРЕШНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА САЛАТА

Деновиве беше извршен вовед во работа за реконструкција на внатрешноста на спортската сала „Младост“ во Неготино. Со реконструкцијата е предвидена замена на подната и sидната керамика во тоалетите, замена на подната керамика на сите влезови во салата и надворешните скали, замена на целата санитарна опрема, на оштетените врати и прозорци, како и боење и фарбање на sидовите и таваните. Договорот е потпишаннпомеѓу општина Неготино и фирмата изведувач на работите „Нет инвест груп“ а вкупната вредност на проектот изнесува 6.000.000 денари-средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а работите за реконструкција на внатрешноста на спортската сала според договорот треба да завршат во рок од 3 месеци. По завршувањето, спортската сала „Младост“ целосно ќе биде ставена во функција на користење на спортистите, спортските клубови и рекреативците, како и за одржување на разни спортски и други манифестации.

м.в.

142435460_436905477667369_3923766673093924959_n